Јапонците сакаат да ја гаѓаат Земјата со вештачки метеори (ВИДЕО)

Јапонската компанија Astro Live Experiences (ALE) креирала вештачки дожд од метеори, односно сателит, кој на барање на корисникот би исфрлал вештачки метеори и со тоа би го разубавил ноќното небо.

На ракетата Епсилон од ALE веќе го испратија својот прототип во вселенатаз а да го тестираат. Од височина од 400 километри сателитот со тежина од 65 килограми би исфрлил купишта мали метални парчиња со дијаметар од околу 1 сантиметар кон Земјата.

Од што се направени металните парчиња , не е познато и се чува како деловна тајна , но се дизајнирани така што би гореле при влезот во атмосферата.

При тоа на подрачје од 200 километри би требало да се создадат многубројни шарени линии , видливи од Земјата со голо око.

Вештачките метеори би биле поголеми и подолго време би се задржале на небото отколку природните. Овој проект на јапонзката компанија се нарекува Sky Canvas или небесно платно.

Текстот Јапонците сакаат да ја гаѓаат Земјата со вештачки метеори (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.