Јапонската Влада одлучи да почне со подготовки за воведување на мобилната мрежа од шестата генерација (6G), со намера оваа ултрабрза мрежа во Јапонија да почне со работа во 2030 година.
За таа цела е формиран стручен совет во кој се наоѓаат технички експерти, претставници на приватните компании и надлежните јавни установи, на кои задача ќе им биде да разработат комплексна стратегија за премин кон новиот формат.
Комуникацискиот систем од петтата генерација (5G) пролетва ќе биде воведен во широка употреба во Јапонија. Во овој сегмент земјата заостанува зад САД и Јужна Кореја, каде употребата на 5G веќе почна.
Широката употреба на системот 6Г особено се очекува во автономните возила без возачи.
Текстот Јапонија се подготвува за воведување на 6G мрежа е превземен од USB.mk.