Јапонска визија на „патувањe“: Вие седите дома, а робот патува наместо вас (ВИДЕО)

Заборавете на чекање во редови за безбедносна проверка, брзање за да стигнете и потоа со часови да седите на седиштето. Најголемата јапонска авиокомпанија планира да го редефинира патувањето, развивајќи робот кој со помош на технологијата наречена „телеприсутност“ ќе лета наместо вас.

Al Nipon Airways (ANA) неодамна го претстави роботот „Њуми“, кој на луѓето ќе им овозможи да патуваат, а всушност да не мора да се качат на авион. Роботот „Њуми“, висок околу 1,5 метар, изгледа како ајпад на тркала, а има можност за пренос на видеоснимки со висока резолуција што на корисникот му овозможува гледање и интеракција со неговата околина без напуштање на домот.

Newme доаѓа со прилагодливи додатоци, кои можат да се прилагодат на потребите на корисникот.

– Нашата визија за подобро поврзана планета ќе се потпира на најновите иновации во роботиката, во виртуелната и проширената реалност и во вештачката интелигенција за да се трансформира начинот на кој луѓето комуницираат. Овие роботи ќе отворат нови можности и ќе помогнат во преобликувањето на сите сфери, од работа и образование до здравствена заштита и забава – изјави Шиња Катанозака, претседател и извршен директор на компанијата ANA.

Оваа технологија може да биде особено корисна за луѓе со сериозен инвалидитет кои не се во можност да ги напуштат своите домови, како и за постарите лица.

Компанијата планира да ги претстави првите 1.000 роботи на наредниот лет, овозможувајќи им на луѓето да присуствуваат на спортски настани, состаноци или да одат да купуваат на другата страна од светот, а да не мораат да го напуштат својот дом.

Извор: B92.net

Текстот Јапонска визија на „патувањe“: Вие седите дома, а робот патува наместо вас (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.