Јапонските ровери подготвени за слетување на астероидот Ryugu (ВИДЕО)

Јапонската вселенска агениција е на чекор до историски момент, за само неколку часа на астероидот Ryugu ќе слетаат два малечки ровери кои имаат две задачи.

Леталото Hayabusa-2 денеска ќе ги испушти двата ровери кои ќе се движат со скокање во услови на ниска гравитација, ќе фотографираат и ќе ја мерат температурата на површината на астеоридот.

По патување од три и пол години леталото успешно стигна до астериоидот и ако сè се одвива според планот ќе стане првото летало кое успешно сместило роботски ровери на површината на астероид. Станува збор за примитивен тип на астероид кој се смета за реликвија останата од раните денови на соларниот систем. Со неговото проучување би можело да се дознае потеклото и еволуцијата на Земјата.

Роверите се опремени со камери и сензори со чија помош ќе се пренесуваат податоци кон леталото, кое потоа ги испраќа до нашата планета. Во моментов, на секои 29 минути пристигнуваат фотографии.

Инаку, Hayabusa 2 во првата недела на октомври ќе слета и поголем робот наречен MASCOT и друг помал, наречен MINERVA-II2, во текот на идната година, пишува Space.com.

Извор: Klix.ba

Текстот Јапонските ровери подготвени за слетување на астероидот Ryugu (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.