Јапонското вселенско летало Хајабуца2 пристигна до астероидот Ријугу каде што наскоро ќе слета две помали летала.
Јапонската Агенција за Истражување на Вселената потврди дека леталото пристигна до својата цел и дека тимот од научници во моментот ги избира точките каде што ќе слетаат сондите.
Две дополнителни летала ќе се одвојат од Хајабуца2 и ќе слетаат на астероидот, првото летало ќе носи со себе два ровера(роверите наместо со гуми се движат со скокање по површината, слично како кенгурите) опремени со камери и други инструменти а додека второто летало е всушност превртувачки ровер(наместо со гуми се движи со валкање по површината) ќе ја истражува површината за да го пронајди совршеното место каде што ќе слета Хајабуца2 која е планирано да земи примероци од површината на астероидот и подоцна во 2020 да ги донесе назад на Земјата за дополнителни испитувања.
Текстот Јапонското летало Хајабуца2 пристигна на астероидот каде што треба да слета е превземен од USB.mk.