Тоа беше кратко, но историско слетување на површината на астероидот Рјугу, во 7:29 часот по јапонско време на 22 февруари. Леталото Hayabusa2 успеа да се спушти на својата целна локација, пишува Nature.
Сондата потоа почна да се придвижува кон нејзината надморска височина за “паркирање“, соопшти јапонската воздухопловна агенција преку серијата твитови. Тимот на мисијата сега чека да потврди дали вселенското летало собрало примерок од вселенската карпа.
Доколку мисијата е успешна, тоа ќе биде само втор пат во историјата сонда да собере примерок од астероид, откако претходната мисија Hayabusa го стори истото во 2005 година.
Маневарот се смета за еден од најризичните моменти на оваа мисија – бидејќи површината на Рјугу е полна со камења кои можат да го оштетат леталото.
Мисијата сега има за цел да ги врати примероците од астероидот на Земјата кон крајот на 2020 година.
“Слетувањето напредуваше многу лесно“, рече Сатоши Хосода од јапонската вселенска агенција ЏАКСА. “Оние луѓе кои беа вклучени во мисијата беа многу напнати, но потоа на нивните лица видовме убави насмевки“, додаде тој.
Текстот Јапонското летало Hayabusa2 се спушти на астероидот Рјугу е превземен од USB.mk.