Италијанскиот архитект Стефано Боери дизајнираше три згради со апартмани како вертикални шуми во новиот административен дел што се гради источно од Каиро. Ваквите кули станаа специјалност на Боери, кој досега има проектирано и за Тирана, Милано, Утрехт и Нанџинг.
Боери соработувал со египетската дизајнерка Шима Шалаш и италијанската колешка за пејзажи Лаура Гати за трите згради кои имаат по седум ката. Новиот дел се гради на барање на претседателот Абдел Фатах Ел Сиси и се планира таму да се преселат главните државни институции и странски амбасади.
Изградабата на зградите се планира да почне во 2020, а да бидат готови до 2022.
Секоја зграда во облик на цевка ќе биде 30 метри висока и 30 метри широка. На зградите ќе има 350 дрвја и 14.000 грмушки од 100 вида.
Секој апартман ќе има свој балкон со растенија соодветни на локалната клима, кои ќе бидат засадени за да изгледаат интересно во текот на целата година. Растенијата ќе обезбедуваат природна сенка и ќе влијаат на подобрување на квалитетот на воздухот. Архитектите претпоставуваат дека секое растение ќе апсорбира по седум тони јагледор диоксид и ќе произведува по осум тони кислород на годишно ниво.
Изградбата на зградите се планира да почне во 2020, а да бидат готови до 2022.
Текстот Каиро ќе гради три згради со вертикални шуми е превземен од USB.mk.