Како би изгледала планетата Земја кога би пресушиле океаните? (ВИДЕО)

Корисник на „Редит“ преку анимирано видео објаснува што би се случило кога некој би го повлекол имагинарниот „чеп“ на дното на океанот.

Користејќи различни научни извори и Бернулиевата равенка за мерење на протокот на некомпресивни флуиди, тој направил интересна анимација која дава одговор на прашањето, „Што би се случило кога на дното на Маријанската бразда би се отворила дупка од десетина метри.

Маријанската бразда е најдлабокиот дел од светските океани и најдлабокото место на Земјината кора. Неговата најголема длабочина изнесува 11 километри и се наоѓа на западниот дел на Пацификот, поточно источно и јужно од Маријанските острови.

Текстот Како би изгледала планетата Земја кога би пресушиле океаните? (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.