Софтверот во возилата на VW ќе учи како да се однесува на патиштата и компанијата веруваат дека во иднина сообраќајни незгоди повеќе нема да има.
Дали еден ден ќе може да влеземе во автомобилот и да бидеме апсолутно сигурни дека нема да доживееме сообраќајна несреќа во било каква форма за време на возењето? Во Volkswagen веруваат дека тоа е можно, но не треба да се надеваме дека тоа ќе биде така наскоро затоа што, како што неодамна изјави главниот човек на нивната стратегија за управување со брендот, Михаел Јост, тоа може да потрае околу 30 години.
„Сакаме до 2050 година веќе да нема сообраќајни несреќи“, вели Јост, а оваа амбициозна цел во Volkswagen сакаат да ја остварат со помош на софтвер, односно оперативен систем за возила кој ќе биде лансиран со новото електрично возило ID.3.
Благодарение на софтверот, но и процесорите и сензорите кои ќе овозможат на возилата навремено да ги идентификуваат и избегнуваат опасните ситуации, како и да учат како да се однесуваат на патиштата, во иднина автомобилите навистина би можеле да станат (скоро) целосно безбедни.
Оперативниот систем во VW возилата ќе биде постојано надградуван со нови и посигурни опции и понапредни алгоритми, поради што сопствениците на автомобилите треба да профитираат „секоја недела и секој ден“. Интересно, Јост вели дека Volkswagen полека престанува да биде компанија што прави уреди и автомобили и станува софтверска компанија, што секако е прилично интересна изјава за еден автомобилски производител.
Неодамна на Интернет кружеа информации дека VW има проблеми со развојот на софтверот за следната генерација на електрични автомобили, а според Jost, софтверот навистина не е сè уште комплетен и сеуште се менува и усовршува. Моделот ID.3 на европскиот пазар треба да се појави во текот на летото, така да пред инженерите на VW е тешка задача да го завршат развојот на софтверот до тогаш, а не е познато колку моменталната ситуација со епидемијата на коронавирусот има влијание на сето тоа.
Извор: Додај Гас
Текстот Како до сообраќај без несреќи: Во Volkswagen веруваат дека може е превземен од USB.mk.