Возовите се превозно средство кое најчесто се користи во Јапонија, а туристите се импресионирани од нивниот изглед.
Од 51 станица со најмногу патници во светот, дури 45 се наоѓаат во Јапонија и тоа не е за изненадување бидејќи јапонската технологија е постојано во подем, пишува порталот B92.
Возовите во голема мера влијаат врз животот на Јапонците, и тие по многу нешта се посебни и различни од останатите возови во светот. Специјален воз е особено популарен бидејќи на патниците им овозможува неверојатен комфор и услуга во дури 6 различни категории. Во продолжение, се наведени само некои од работите што го издвојуваат од возовите во другите земји.
Станува збор за „санрајс експрес“ кој е воз со вагони за спиење. Составен е од два дела „санрајс изумо“ и „санрајс сето“ и сообраќа на релација Токио-Окајама каде двата дела се разделуваат и одат во различни правци. На патот назад повторно се спојуваат во истата точка.
Овој воз има 6 различни видови на сместување. „Сингл делукс“ или А класата изгледа многу удобно за едно лице. Има маса и столче, мијалник покрај креветот, светло и радио, а патникот добива и папучи, бањарка и прибор за во тоалет. Многумина патувачкото искуство го опишуваат како да се во мала мобилна хотелска соба.
Во другите делови од возот има заеднички тоалети, машини со различни пијалоци и слатки, место за пушачи и за релаксирање. Особено е интересна процедурата за туширање. За да го користат тушот, патниците мора да платат, а водата се исклучува по 6 минути, по што мора да се плати одново.
Текстот Како изгледа внатрешноста на возовите во Јапонија? е превземен од USB.mk.