Научниците од Универзитетот „Џон Хопкинс“ решија да стават еден октопод во раствор во кој има одредена доза од лекот МDMA, кој најчесто им се препишува на луѓе со пост-трауматски стрес и кој е многу сличен со таблетките екстази. За него велат дека ги прави луѓето лукави, еуфорични, па дури и помага во тешка посттрауматска состојба.
Откако во суштина се капеле во раствор што го сочинувал лекот, тестираните октоподи почнале да се допираат еден со друг нежно и со љубопитност, наместо со типичната агресија што може да се види при средбите во нормална средина. Она што е најмногу шокантно е тоа што октоподите се фундаментално различни од луѓето. Тие немаат централизиран нервен систем, туку се потпираат на низа ганглии и мини-мозоци. Исто така, немаат кортекс, или било која од другите големи мозочни структури што би ги поврзувале со овој тип на однесување. Сепак, резултатите се прилично слични на тоа како луѓето реагираат на екстази.
Истражувачите исто така откриле дека со ископување на геномот овие суштества го имаат истиот систем за транспорт на серотонин, што значи дека може да бидат манипулирани со овој тип на дрога.
Текстот Како реагираат октоподите под дејство на екстази? (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.