Дел од камен што на Земјата паднал од Месечината, е продаден на аукција во Бостон за сума од над 600.000 американски долари.
Купувач на лунарниот камен е виетнамски државјанин, вработен во еден комплекс пагоди во провинцијата Ха Нам, кој на аукцијата платил 612.500 долари.
Каменот се состои од шест дела кои можат да се вклопат како сложувалка.
Тој е пронајден минатата година во пустинскиот регион на африканската држава Муританија.
Текстот Камен од Месечината продаден за над 600.000 долари е превземен од USB.mk.