Новиот систем веќе се тестира на патиштата на Австралија.
Мобилните телефони се една од најчестите причини за сообраќајни несреќи во современиот свет. Затоа властите во различни земји преземаат мерки за борба против овој штетен феномен. Во Австралија, на пример, ќе се користат специјални камери за следење на активностите на возачите на патиштата.
Системот е дизајниран да работи и во лоши временски услови. Според некои организации за човекови права, истиот ја нарушува приватноста, но и покрај тоа австралиските власти веќе го тестираат и размислуваат за негово користење и во други делови од земјата.
Извор: Додај Гас
Текстот Камери ќе ги следат возачите кои разговараат на смартфон е превземен од USB.mk.