Канадски телескоп улови мистериозни сигнали од вселената

Најновиот канадски телескоп CHIME (Canadian Hydrogen Intensity Mapping Experiment) улови непознати сигнали од далечната вселена, познати како FRB (брзи радио експлозии).

По дефиниција, FRB се радио сигнали кои траат неколки милисекунди и доаѓаат од непознат извор некаде од вселената. Сè уште нема објаснување за нив, но можно е да станува збор за експлозија на црна дупка и слично, но според некои и за постоење на напредна вонземска цивилизација.

Телескопот CHIME е дизајниран да собира податоци за вакви сигнали и други појави кои би дале многу одговори во полето на астрофизиката. Досега е откриен само еден повторувачки FRB, а истражувачите велат дека појавата која го испраќа тој сигнал од вселената е неверојатно моќна.

Вакви сигнали редовно се регистрирани од телескопите и проучувани од астрономите, но научниците мака мачат да го објаснат нивното потекло.

Текстот Канадски телескоп улови мистериозни сигнали од вселената е превземен од USB.mk.