Во средата светот ја виде првата фотографија на црна дупка во историјата, а голема заслуга за тoa има 29-годишната девојка по име Кејти Буман.
Буман го предводеше тимот кој работеше на алгоритмот со помош на кој настана фотографијата.
Неверојатната фотографија на црна дупка, која е 500 милиони трилиони километри оддалечена од Земјата, беше објавена во средата. Тоа е потфат што до неодамна се сметаше за невозможен.
Буман фотографираше додека нејзиниот лаптоп го вчитуваше историскиот момент. По првото појавување на црната дупка, Буман стана популарна во целиот свет.
Таа е асистентка на Калифорнискиот институт за технологија и инсистира на тоа дека целиот тим заслужува еднаква пофалба.
Повеќе од 200 научници учествуваа во обидот да се фотографира црната дупка.
„Никој од нас не можеше да го стори тоа сам”, изјави Буман за „Си-ен-ен“.
Текстот Кејти Буман – девојката заслужна за првата фотографија на црна дупка е превземен од USB.mk.