Кинеските научници планираат да изградат бази во длабочините на Јужното кинеско море, а со кои би управувале роботи и системи на вештачка интелегинеција.
Базата би можела да биде прва „колонија на вештачка интелигенција” на светот, а локацијата би требало да биде на околу 11 километри под површината на морето.
Замислено е да базата да постојат пристаништа како во вселенските станици, од кои роботските подморници би тргнувале во истражувачки мисии.
Таквите активности би биле повеќе од корисни, бидејќи водата зазема околу 70 проценти од површината на Земјата, од кои е истражен само 1 отсто, а најмногу поради тоа што човекот се досега немаше адекватна опрема, коа би му помогнала да се носи со тешките услови на големи длабочини.
China launches $160 million deep sea AI project in South China Sea. The project aims to build an AI-powered deep sea base for unmanned submarine science and defense operations. @SCMPNews https://t.co/0FZdMHmrdZ [Photo: N509FZ, Wikimedia Commons] pic.twitter.com/vFiNdLSaeU
— AMTI (@AsiaMTI) November 27, 2018
Запознавањето со работите кои се случуваат на големи длабочини е од големо значење и би можело да помогне во разбирањето на климатските промени, откривањето на нови животински и растителни видови, дури и во пронаоѓање на нови лекови.
Во тоа значајно би можела да помогне и новата AI колонија, чија изградба ќе чини околу 160 милиони долари, за таа инвестиција, како што тврдат научниците, на крајот повеќекратно да се исплати.
#DidYouKnow China plans to build a deep sea base for unmanned submarine #science which might become the first #AI colony on Earth #FutureReady #PBL@josephfatheree @zelfstudie @OrbKnows @adamcsteiner https://t.co/aScd9JDGWv pic.twitter.com/AZsXkUr4j3
— Planet Classroom (@PlanetClassroom) November 26, 2018
Текстот Кина гради „колонија на вештачка интелигенција” 11 км под морето е превземен од USB.mk.