Поплавите претставуваат еден од главните климатски проблеми за Кина. Затоа, земјата се придружи на меѓународната иницијатива „The Sponge City Initiative“, чија цел е да го контролира движењето на големи врнежи. Како дел од проектот, 30 поголеми градови од азиската земја ќе се префрлат на таканаречената „сунѓереста архитектура“.
Идејата е да се создадат посебни системи во градовите кои во иднина ќе можат да ја собираат, филтрираат и чуваат вода за време на обилни врнежи на дожд. Уникатна технологија се развива за секој локалитет посебно, имајќи ги предвид спецификите на регионот. На пример, во Линганг, за 119 милиони долари, биле направени патишта со пропустлива подлога. Тие се способни да акумулираат вода и да ја користат за потребите на градот, вклучително и за наводнување, со што се избегнуваат периодите на суши.
За иницијативата, кинеските власти одвоиле 12 милијарди долари, што е само 20% од потребниот износ. Останатите 80% ќе бидат обезбедени во форма на инвестиции од приватни компании. Се очекува дека до 2020 година, 80% од урбаните области на Кина ќе можат да собираат и обработуваат и до 70% од сите врнежи.
Текстот Кина ќе се брани од поплави со „сунѓереста архитектура“ (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.