Во потрага по еколошки чисти извори на енергија, група кинески научници изработија „вештачко Сонце“ на нуклеарен погон, кое може да развие тмпература до 100 милиони степени Целизусови, соопшти Институтот за физика при Кинеската академија на науките.
За споредба, во жариштето на Сoнцето температурата изнесува 15 милиони степени Целзиусови.
Во соопштението се посочува дека научниците го тестираат уредот, кој е во форма на прстен, за да го репродуцираат процесот што се одвива во жариштето на ѕвездите, при кој се ослободува огромно количество енергија.
Целта на овој проект е целосно проучување на нуклеарната фузија, со цел тој процес во иднина да може да се користи во атомските централи.
Инаку, Кина неодамна сооптши дека работи на создавање на „вештачка Месечина“, која би требало да биде лансирана во земјината орбита и да се користи како замена за уличното осветлување.
Текстот Кинески научници изработија „вештачко Сонце“ (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.