Кинескитете научници од Институт за физика, Хефеи објавија дека во фузискиот реактор EAST постигнаа температури поголеми од 100 милиони степени Целзиусови, што е шест пати повисока температура од онаа во Сонцето.
Со тоа остварија нов рекорд во фузиската технологија и не приближија до новото дома на комерцијално исплатливата енергија. Фузискиот реактор не би ја загадувал околината со радиоактивни материјали, а би бил евтин и речиси неисцрпен извор на енергија”, пишува Science Alert.
Меѓутоа, процесот на фузија е многу незгоден, Кога би се добила енергија од атомите со постапка на фузија, потребни се исклучително високи температури и притисоци.
Длабоко во внатрешноста на Сонцето, фузијата се случува така што атомите на водород се соединуваат едни со други поради силното влијание на гравитацијата и температурата од 15 милиони степени Целзиусови.
“Ако сакаме да го постигнеме истиот резултат на Земјата, мораме, а со оглед на тоа дека не можеме да произведеме гравитација на Сонцето, да создадеме температури скоро седум пати поголеми отколку што се оние на Сонцето и притоа да ја одржуваме плазмата стабилна. Таа во ниту еден момент не би смеела да дојде во допир во просторот за складирање во кој се одвива фузијата. Кога би успеале во тоа, ви настанала енергетска револуција, ново доба во физиката. За разлика од другите реактори, фузискиот реактор речиси воопшто не би ја загадувал околината. Отпадот од таквиот реактор во поголем дел бил бил хелиум, кој не е штетен за флората и фауната”, наведоа научниците.
Текстот Кинески научници на чекор до бесконечна енергија е превземен од USB.mk.