Кинески научници развиваат робот од течен метал (ВИДЕО)

Роботите од течен метал, кои ја менуваат бојата и самите можат да ја отстранат штетата како андроидите од филмовите за Terminator, наскоро би можеле да станат реалност.

Истражувачи во Кина развија малечок прототип инспириран од Т-1000 од споменатиот научно-фантастичен серијал. Малиот робот може да се употребува во непристапни средини кои ќе бидат тешка мисија за луѓето.

Прототипот е создаден од тим од Универзитетот за наука и технологија во Кина и Универзитетот во Австралија. Содржи пластично тркало, литиумска батерија и капки галиум, мек сребренкаст метал.

Проектот е започнат пред 6 години кога научниците ги откриле уникатните својства на течните метали како висока електрична спроводливост, управување на површинска напнатост и екстремна флексибилност.

Како можен пример научниците ги истакнуваат нанороботите кои ќе бидат изградени од високо компатибилен материјал со човечкото ткиво и ќе ги доставуваат лековите на потребните места во нашето тело, но и ќе ги уништуваат заболените клетки од рак. Исто така би можеле да се користат во шпионажа.

Се верува дека роботите од течен метал би станале реалност за 10 години.

 

 

Текстот Кинески научници развиваат робот од течен метал (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.