Шангајската стартап компанија Aiways сака да биде првиот кинески производител на автомобили кој ќе продава електрични возила во Европа.
Презентацијата на Aiways на „Стариот континент“ беше на саемот во Женева оваа пролет со електричниот кросовер U5, кој сега ќе се рекламира на интересен начин.
Патот на моделот U5 започнува во средината на јули од Сиан, главниот град на централната кинеска провинција Шенјанг, а ќе заврши во септември во Европа.
Ова е голем предизвик за Кинезите, бидејќи ќе мора да преминат илјадници километри под различни климатски услови преку неколку земји кои немаат развиена инфраструктура на станици за полнење на EV.
U5 е SUV со средна големина, која според стандардот NEDC има автономија од 530 км помеѓу двете полнила, а Aiways тврди дека нуди премиум квалитет и високи стандарди за безбедност.
Aiways тврди дека батеријата од 65 kWh за половина час може да се наполни од 30-80 отсто, а дополнителниот батериски пакет обезбедува уште 120 километри автономија.
Моќта на електричниот мотор е 190 КС со 315 Nm вртежен момент, а димензиите на возилото се 4.680 х 1.865 х 1.700mm со меѓуоскино растојание од 2.800 mm.
Компанијата инвестирала 1,7 милијарди евра во фабриката во која ќе се произведува U5 и планира да произведува 1500 возила годишно во првата фаза, додека за втората е предвиден двојно поголем капацитет.
Aiways U5 на европскиот пазар на автомобили ќе се појави во април 2020 година.
Извор: Додај Гас
Текстот Кинески SUV ќе помине 14.000 километри на електричен погон за да ја освои Европа е превземен од USB.mk.