Компанијата BYD создаде електричен автобус со должина од 27 метри. Во автобусот, што го носи името К12А, може да се превезуваат до 250 лица. К12А може да развие максимална брзина од 70 километри на час, а со едно полнење може да помине 300 километри.
Производителот тврди дека новото возило претставува првиот електричен автобус во светот со 4WD систем, кој може да ги менува своите карактеристиките помеѓу 2WD и 4WD, со цел да ги задоволи барањата во однос на различни терени, истовремено намалувајќи ја и вкупната електрична потрошувачка на возилото.
Автобусот се очекува наскоро да се најде на улиците на главниот град на Колумбија, Богота.
Ell bus más grande de la historia de los eléctricos, el BYD K12A hecho para @transmilenio y otros sistemas BRT del mundo, evitará 193 tons de CO2 equivalentes a sembrar 8.900 árboles pronto transmitiremos desde nuestra casa matriz @Shenzhen China @BYD #bus #Colombia pic.twitter.com/pU3oRc93MB
— BYD Eléctricos Col (@BYD_Electricos) April 1, 2019
Лансирањето на овој електричен автобус беше објавено на официјалната Facebook страница на BYD, кое предизвика низа реакции за претставувањето на еден ваков автобус токму на денот на шегата. Компанијата исто така изјави дека K12A е развиен за колумбискиот TransMilenio брзиот транзитен систем, заедно со останатите светски BRT системи.
Во 2017 година, 12 поголеми градови низ светот ветија дека ќе купуваат само чисто електрични автобуси до 2025 година, вклучувајќи го и Лос Анџелес, кој уште истата година нарача 60 автобуси, погонувани од сопствена електрична енергија. Сепак, се проценува дека 99 проценти од сите електрични автобуси во светот се наоѓаат во Кина.
Текстот Кинезите го претставија најдолгиот електричен автобус од 27 метри (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.