Кинезите изградија кула-прочистувач на воздухот (ВИДЕО)

Eкспериментална кула за која се вели дека е најголемиот прочистувач на воздухот во светот, со височина од над 100 метри, e подигната во кинескиот град Ксиан, во провинцијата Шанкси во Северна Кина.

Кулата е тестирана од страна на истражувачите од Институтот за животна средина на Кинеската академија на науките за да се измери нејзината ефикасност. Властите бараат начини да се справат со хроничниот проблем со смогот и ова би можело да биде добро решение, ако докажат дека функционира.

Околу основата на кулата има систем на оранжерии што покриваат област колку половина од големината на фудбалско игралиште.

Кулата го „вдишува“ загадениот воздух и го загрева со сончева енергија. Потоа загреаниот воздух се подигнува низ кулата и поминува низ филтри за чистење со повеќе слоеви. Според Као Јунџи, раководител на истражувањето, тие забележале подобрувања во квалитетот на воздухот на површина од 10 квадратни километри во градот во текот на изминатите неколку месеци, а кулата успеала да создаде повеќе од 10 милиони кубни метри чист воздух уште во првиот ден од неговото лансирање. Во тешките загадени денови кулата била во можност да го намали смогот блиску до умерено ниво.

Научниците тврдат дека проектот донел значително подобрување на квалитетот на воздухот, иако се потребни дополнителни испитувања.

Текстот Кинезите изградија кула-прочистувач на воздухот (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.