Кит „проголтал” морски лав, а дури потоа се случило чудо (ФОТО)

Една несекојдневна сцена била фатена на камера, кога грбав кит скокнал од морето и “проголтал” морски лав. Фотографот и биолог Чејс Декер верува дека ова е прва снимка од еден таков настан.

Декер и групата набљудувачи биле на заливот Монтереј во Калифорнија, на 22-ри јули, кога од водата скокнал кит, фаќајќи го морскиот лав со својата вилица.

“Имаше три грбави китови и околу 200 морски лавови”, изјавил 27-годишниот Декер, додавајќи дека тоа не била голема група.

“Сме виделе и 100 китови и 3000 морски лавови и тоа знае да стане прилично интензивно”.

Животните се хранеле со инчуни, кога еден од китовите одненадеж фатил нешто поголемо отколку што очекувал.

“Долго ги набљудувавме како се хранат, а потоа се случи оваа неверојатна работа”, изјавил фотографот, додавајќи дека вакво нешто се гледа еднаш во животот.

Тој имал на располагање само дел од секунда додека китот се издигнувал и сфатил дека во неговата уста се наоѓа морски лав, по што ја фотографирал необичната сцена, пренесува “BBC”.

Чејс е сигурен дека морскиот лав подоцна отпливал по својот пат. Грбавите китови немаат заби – само тесни, роговидни плочи преку кои ја филтрираат храната од водата, воглавно планктони. На китовите им се потребни помалку од 5 секунди за да го фатат пленот, но во овој случај китот понирал повеќе од 15 секунди со отворена уста, давајќи му шанса на морскиот лав да отплива.

“Китот не ја ни затвори својата вилица, па затоа не би требало морскиот лав да е повреден. Сигурно е многу уплашен, но не е повреден”, истакнал фотографот и додал дека ова е ретко искуство за секој морски предатор како китовите, морските лавови, делфините и ајкулите, бидејќи тие еволуирале да ловат заедно ист вид на риба, па реалната опасност постои само кај нивниот заеднички плен.

Извор: Blic.rs

 

Текстот Кит „проголтал” морски лав, а дури потоа се случило чудо (ФОТО) е превземен од USB.mk.