Американската војска сака да привлече што е можно повеќе млади луѓе кон пазарот на видеоигрите и „еСпорт” натпреварувањата.
Милиони луѓе веќе учествуваат на „еСпорт” натпреварувањата кои што земаат огромен замав, а гејмерите заработуваат и огромни пари од професионалното играње на видео игри.
Таа популарност и големиот број на млади луѓе кои што ги привлекува „еСпорт” ќе ја искористи американската армија за „унапредување на воениот бренд“, приближување на војската до младите и секако, привлекување на нови војници со основање на сопствена „еСпорт” екипа.
Според неодамнешното спроведено истражување, повеќе од 23 милиони Американци учествуваат во „еСпорт” индустријата, а во најголемиот дел од нив станува збор за млади лица, па затоа овој пазар е многу интересен за американската армија.
Како што пренесуваат американските медиуми, армијата моментално прима пријави на активните војници и ветерани кои што треба да се натпреваруваат во игрите како што се Fortnite, Call of Duty, Tekken, League of Legends, PUBG, Overwatch, FIFA, Madden и NBA 2K19. Со активностите имаат намера да започнат веќе во текот на декември кога ќе организираат интерен турнир во Tekken, чиј што победник ќе ја претставува американската армија на Pax South турнирот идната година.
Еден од плановите на американската армија е да биде модифициран специјален камион кој ќе биде уреден за играње на видео игри и кој ќе патува по факултетските кампуси ширум САД за универзитетските „еСпорт” екипи да ги играат популарните видео игри против тимовите на армијата на САД.
Ова не е прв пат американската армија да се појави во гејмерските води – за војската да биде приближена до младите, пред повеќе од 15 години ја претставија FPS играта America’s Army чија што верзија Proving Grounds 2015 е бесплатно достапна на Steam.
Извор: Zimo.hr
Текстот Ќе се борат во Fortinte: Американската војска основа „еСпорт” екипа е превземен од USB.mk.