Фарма во Московската Околија пред извесно време стана хит откако светските медиуми објавија дека ги лекува своите крави од анксиозност со помош на очила за виртуелна реалност (ВР).
Таквите ВР-системи се прилагодени на обликот на главата и на перцепцијата на животното, така што тоа гледа симулација на шарено поле налето. И, се чини, тоа го подобрува нивното севкупно расположение.
Иако не е сигурно како тоа влијае на квалитетот или количината на млекото, руските власти планираат „сеопфатно” истражување коешто би одговорило на тоа прашање.
Сепак, таквото испитување отвора и неколку други прашања… Дали се исплатат батериите за уредот? Постои ли ризик од вознемирување на кравата кога ќе ѝ ги симнете „розовите очила“ и повторно ќе ѝ ја покажете тажната реалност?
Ако сè тоа се стави настрана, во состојба каде што други техники – како што пуштање музика кај кравите, не се доволно ефикасни, овој метод можеби ќе се покаже поделотворен.
Текстот Ќе се испитува дали VR-очилата за крави значат и поквалитетно млеко (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.