Топењето на мразот на планините ќе загрози во иднина околу две милијарди луѓе, предупредуваат климатолозите во најновото истражување. Мразот на највисоките планински врвови се топи со голема брзина.
Намалувањето на планинските површини под снег и мраз е најголемо во европските ски центри кои зависат од вештачки снег и наместо зимски дестинации стануваат летни одморалишта.
Швајцарската влада наведува дека во последните 10 години бројот на скијачи на Алпите се намалил за 24 проценти. До крајот на 21 век количините на снег на ски-центрите најверојатно ќе паднат за помалку од 50 проценти од сегашниот број, а патеките под 1.500 метри надморска висина би можеле да останат целосно без снег, пишува Nature.
Експертите ги наведуваат најважните планински области кои имаат огромни количини вода во форма на снег и лед. Во планинските венци ги има повеќе од каде било во светот, освен на Арктикот и на Антарктикот.
На нив има повеќе од 200.000 глечери, како и езера. Кога се топат ледот и снегот, водата постепено се ослободува и ги полни реките и езерата клучни за живот на околу 1,9 милијарди луѓе, што е околу 20 проценти од денешната бројка на луѓе во светот.
Во новото истражување се издвојуваат четири најголеми системи на четири континенти, во Азија, Европа, Северна Америка и Јужна Америка. Најголем, најзагрозен и најважен е азискиот систем со кој се снабдуваат со вода повеќе од 200 милиони луѓе во Авганистан, Кина, Индија и Пакистан.
Во Европа се Алпите и покрај нив басените на Рона, По, Рајна и Црноморскиот слив. Од нив зависат 70 милиони луѓе. Климатолозите предвидуваат дека во текот на следните 100 години климатските промени ќе делуваат на питката вода, на водата за производство на струја и на водата наменета за земјоделие.
Извор: B92.net
Текстот Климатолозите предупредуваат: Топењето на мразот ќе загрози 2 милијарди луѓе е превземен од USB.mk.