Стотина климатски активисти го одбележаа распаѓањето на швајцарскиот глечер, кој ќе исчезне како жртва на глобалното затоплување. Глечерот Пизол, со површина помала од една десетина од квадратен километар, сместен во Гларнските Алпи во источна Швајцарија, а се повлекува поради растот на температурите.
Се наоѓа на 2600 метри надморска височина и најверојатно ќе исчезне до 2030 година.
„Сум се качил овде многу пати. Тоа е како да ти умира најдобар пријател“ рекол Матиас Хас, глациолог од универзитетот ЕТХ Цирих.
Глечерот во 1987 година бил голем 0,32 километри квадратни, а денеска има само 0,06 километри квадратни. Пред само четири години глечерот покривал површина од 0,1 квадратни километри.
Текстот Климатските активисти се простија од швајцарскиот глечер кој ќе исчезне е превземен од USB.mk.