Бујната зелена мов на источен Антарктик, која извира од мразот во текот на кратката сезона на растење во секое антарктичко лето, ја уништуваат климатските промени, открива студијата.
Студијата, чии резултати беа објавени во магазинот „Нејчр клајмет чејнџ“, се наведува дека вегетацијата на источниот Антарктик се менува брзо како одговор на сушната клима.
Додека западниот Антарктик и Антарктичкиот Полуостров се некои од местата на планетава што се затоплуваат најбрзо, источен Антарктик досега не почувствува многу од затоплувањето на климата, така што научниците не очекуваа дека таму ќе видат големи промени во вегетацијата.
„Мовта е дом на мали животни, габи, лишаи и клетки на алги. Мовта е наш чувар на целиот екосистем”, рече научникот проф. Шерон Робинсон од Австралискиот универзитет.
Источниот Антарктик стана постуден, ветровит и посув како резултат на комбинираните ефекти од климатските промени и оштетувањето на озонската обвивка, и ова е првата студија која покажа дека тоа има погубно влијае врз тамошната вегетација.
Извор: Макфакс
Текстот Климатските промени ја уништуваат мовта на Антарктикот е превземен од USB.mk.