Климатските промени до крајот на 21 век најверојатно ќе влијаат врз бојата на половина од океаните на Земјата, предвидува истражувањето на угледниот Massachusetts Institute of Technology објавено во магазинот Nature Communications.
Како што ќе растат температурите, според истражувањето, суптропските океани ќе станат посини, а тие околу екваторот и околу половите на Земјата ќе станат позелени. Бојата на океаните зависи од интеракцијата на сончевата светлина и тоа што е во водата. Микроскопските морски алги или фитоплантконите, кои се видливи на сателитските снимки, се клучен показател за здравјето на океаните.
При фотосинтеза, хлорофилот од фитопланктоните ја апсорбира сината светлина од сончевиот спектар, па во деловите богати со алги доминира зелената боја. Во деловите каде што има помалку фитопланктони, а во некои случаи и помалку морски живот, океаните ќе изгледаат посини затоа што молекулите на водата апсорбираат се освен сината светлина од спектарот.
Резултатите на компјутерската симулација на научниците од МИТ го одразуваат она што го покажуваат постојните сателитски снимки и така докажуваат дека овој модел може да се користи за предвидување на промените на нивоата на фитопланткони поради загревањето на океаните и морињата.
Промената во бројот на хлорофилот може да биде последица на климатските промени, но на нив може да влијаат и нормалните временски случувања како Ел Нињо, кој се појавува на секои неколку години.
Извор: Klix.ba
Текстот Климатските промени ќе влијаат на бојата на океаните е превземен од USB.mk.