Кое е најдалечното место на Земјата?

Човекот буквално има оставено трага во секоe ќоше на Земјината топка, но авантуристите и понатаму теженеат да откријат нови места. Мир и спокој секако ќе пронајдете доколку се шетате низ Доломитите или во кајакарството во Шведска, но таму цивилизацијата секогаш е оддалечена неколку километри.

Прашањето кое ги измачува научниците гласи: Постои ли на Земјата место толку далечно и непристапно што досега никој го нема забележано? Географијата има термин за таквите места – недостапни полови.

“Недостапен пол означува место до кое е најтешко да се пристигне поради оддалеченоста на географското растојание”, објасни геолошкото истражување на Универзитетот во Калифорнија, Санта Барбара.

Тие обично се континентални или океански точки. Континенталните полови се копнени делови најоддалечени од крајбрежјето, како на пример Евроазискиот недостапен пол е во пустината на северозападот на Кина, на границата со Казахстан.

Океанскиот еквивалент е Поинт Немо во јужниот Пацифик, точка оддалечена речиси 2.700 километри од најблиското копно, островот Питкаирн.

Најоддалечениот остров на светот е несоздадениот Бувет на југот на Атлантскиот океан и е во сопственост на Норвешка од 1930.

Островот, за жал не може многу да им понуди на авантуристите кои се желни за бегство од цивилизацијата. Поради лошите временски услови, островот е дом на лишаи, мов и габи кои растат на делови кои не се замрзнати. Од животни можат да се најдат албатроси, кралски пингвини и други птици кои можат да поднесат ниски температури.

Но, дали постои место на кое сè уште не зачекорил човекот? Човековиот вид ја измени Земјата и остава траги речиси секаде, вели Рејнхолд Лејнфелдер, геобиолог на Универзитетот во Берлин.

Извор: BBC

Текстот Кое е најдалечното место на Земјата? е превземен од USB.mk.