Кога автопилотот на Tesla ги чува животните (ВИДЕО)

На каналот на YouTube корисникот кој се претставува како Ендру Витл, се појави видео кој многу медиуми го опишаа како „најубавата вест во изминатата недела“, а кое сведочи за тоа дека автопилотот на Tesla напредува во однос на чувањето животи.

Поточно, приказната почнува кога Витл седнал во својот Tesla Model 3 Тесла Модел 3 и се упатил кон Националниот парк Glacier во Монтана. Поголем дел од патувањето од Јута, каде што живее Витл, до Монтана се одвивало со помош на автопилот, вклучувајќи го и моментот кога автомобилот сопрел, бидејќи наишол на семејство мечки. Возилото се движело со брзина од околу 90 километри на час, но автоматски застанало веднаш штом детектирало необична пречка, што е доказ колку напредувале автопилот опциите. Не само што автопилотот „почувствувал“ мечки во темнината, додека автомобилот се движел релативно брзо, туку и опцијата Dashcam го снимила целиот настан во висока резолуција.

Најважно во целиот настан е тоа што автопилотот навреме ги забележал животните, што му овозможило на возилото постепено да забави, и од брзина од речиси 90 километри на час да дојде до целосно сопирање. Системот ги забележал животните во мрак, и покрај тоа што имаат темно крзно, кое што ги прави речиси невидливи во темнина.

 

 

Текстот Кога автопилотот на Tesla ги чува животните (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.