Ford се обидува да ја одигра својата улога во глобалната борба против климатските промени па во тој контекст остатокот од кафето од McDonald’s рестораните го вградува во деловите на своите автомобили.
Па така произведувачот на автомобили планира да ги презема остатоците од ланецот ресторани за брза храна т.е. кафето и да го носи во своите лаборатории каде што експертите ќе го трансформираат во биопластика. Покрај тоа што на овој начин се намалува количината отпад од рестораните, тука има и други влијанија кои влијаат на опкружувањето, но и на самите автомобили бидејќи на овој начин направените делови за автомобил се полесни од традиционалните.
Автоиндустријата е под голем притисок да ја намали емисијата на штетни гасови и да го зголеми произведувањето на електричните автомобили бидејќи околу четвртина од вкупната количина на штетни гасови доаѓа токму од автомобилите и другите транспортни средства. Иако трансформацијата на остатокот од кафе во авто деловите е релативно мал напор, компанијата се надева дека ќе влијае на понатамошните одлуки и со текот на времето тоа ќе стане еден важен дел од целата таа сложувалка.
Извор: PC Press.rs
Текстот Кога Ford рециклира: Автомобилски делови од кафе е превземен од USB.mk.