Просечната загуба на моќност е околу 2,3% годишно, проценуваат експертите.
Geotab, компанија специјализирана за управување со системи за глобално позиционирање и следење на транспортни возила, пресметала за колку време батериите во електричните возила го губат капацитетот.
Истражени биле 6.300 електрични автомобили од различни брендови низ целиот свет. Резултатите покажуваат дека во просек, батеријата губи околу 2,3% од својот капацитет годишно. Според истражувачите, тоа значи дека со толку мали загуби, батеријата може дури и да го надживее возилото во кое е поставена.
Експертите од Geolab јасно покажуваат до кој степен зависи абењето на батеријата во зависност од различните системи за ладење. На пример, во Tesla Model S, модел кој се потпира на водено ладење, батеријата губи точно 2,3% од својот капацитет годишно. Во исто време, Nissan Leaf каде ладењето е воздушно стапката на загуба е 4,2% годишно.
Како што забележуваат авторите на студијата, намалувањето на ефикасноста на батеријата може и да не биде рамномерно. Процесот на почетокот е бавен, но потоа се интензивира. Влијание има и софтверот што го користи автомобилот, како што е случај со моделите Tesla.
Уште еден заклучок вели дека честата употреба скоро нема никаков ефект врз траењето на батеријата, но во исто време климата има сериозно влијание. При топло време, батеријата „умира“ многу побрзо отколку при ладно време. Честата употреба на режимот за брзо полнење исто така има негативен ефект.
Текстот Колку долго траат батериите во електричните автомобили? е превземен од USB.mk.