Tехнолошкиот гигант Amazon развива лек или вакцина за обична настинка преку повеќегодишен, до сега таен „Project Gesundheit“ (наздравје во англиско и германско говорно подрачје), пренесува CNBC.
Три неименувани извори за тој медиум потврдиле дека тим на научници и технолози во рамките на компанискиот Grand Challenge оддел моментално работат на решение за најчестата болест во светот.
Обична настинка е всушност вирус кој само на американската економија поради падот на продуктивноста и посетите на лекарите ја чини над 40 милијарди долари годишно и предизвикува околу 200 милиони оправдани отсуства од училишните часови во истата држава.
Создавањето вакцина или лек за обична настинка досега е неуспешно поради големиот број „верзии“ на вирусот, кои постојано мутираат и развиваат отпорност на лекови.
Така, на пример, вакцината против грип штити само од видови вируси за кои епидемиолозите проценуваат дека ќе бидат доминантни таа година, пренесува The Verge.
Grand Challenge е развојно одделение на компанијата, чие постоење Amazon сè уште официјално не го признал.
Тимот се занимава со најголемите прашања кои можат да влијаат на човештвото, првенствено во областа на здравствената заштита.
Извор: Novaekonomija.rs
Текстот Компанијата Amazon развива лек за настинка е превземен од USB.mk.