Кому се уште му треба PlayStation или Xbox? Најдобрите видеоигри се во Tesla

Сопствениците на автомобилите на Tesla веќе имаат можност за играње на резлични видеоигри, а Елон Маск најави и нови.

Љубителите на видео игрите имаат уште една причина за да се одлучат за купување на автомобилите на Tesla – сите автомобили на американскиот производител имаат низа на игри кои што може да се играат на главниот контролен екран.

Tesla веќе договори соработка со познатиот дизајнер на видео игри од Bethesda Game Studios, Тод Хауард, кој ќе смисли и развие нови видео игри кои ќе бидат инсталирани во автомобилите на Tesla.

Така, Fallout Shelter ќе биде деветата игра која сопствениците и потенцијалните купувачи на Tesla ќе ја имаат на располагање за играње во својот автомобил. Досега Tesla во својата понуда имаше неколку различни видео игри, од оние кои потестуваат на старите игри на Atari (слично на Super Breakout и Missile Commando), до новите игри како што е Beach Buggy Racing 2.

Сопствениците на Tesla нема да мора да купуваат никакви дополнителни контролери за играње. Доволно ќе биде само да го паркираат својот автомобил и да ја вклучат играта,а воланот ќе се претвори во контролер, по што забавата може да започне.

Извор: Zimo.hr

Текстот Кому се уште му треба PlayStation или Xbox? Најдобрите видеоигри се во Tesla е превземен од USB.mk.