НАСА во јули испраќа нов истражувачки ровер на Марс, па побара од американските ученици да предложат име за возилото. Децата во САД, од оние на предучилишна возраст па сè до средношколците, предложија 28.000 имиња, од кои во полуфиналниот избор влегоа 155, а во финалето – 9 предлог-имиња.
За нив може да се гласа на интернет-анкетата на НАСА, која е отворена до 27 јануари. Следува списокот со називи за кои може да се гласа:
1) Endurance (Издржливост);
2) Tenacity (Истрајност);
3) Promise (Ветување);
4) Perseverance (Упорност);
5) Vision (Визија);
6) Clarity (Јасност);
7) Ingenuity (Генијалност);
8) Fortitude (Сила);
9) Courage (Храброст).
Резултатите ќе бидат објавени на 15 март. Ученикот-предлагач чие име ќе има најмногу гласови, ќе може да го проследи лансирањето на роверот.
Истражувачкото возило, како што е предвидено, ќе слета на кратерот Језеро, крстен по населба во Босна и Херцеговина.
Текстот Конкурс на НАСА за името на новиот истражувачки ровер е превземен од USB.mk.