Корејците се насочуваат кон возилата на водородот

Корејската Hyundai Motor Group, под чија капа се брендовите Hyundai и Kia, ги објави долгорочните планови за понатамошен развој на возила што користат водород како гориво.

Планот наречен FCEV Vision 2030, предвидува Hyundai и Kia во блиска иднина да станат лидери во технологијата на водородни горивни ќелии и значително да го зголемат производството на возила со овој тип на погон.

Hyundai Motor Group планира да го зголеми нивото на производство на водородни горивни ќелии за 500.000 возила годишно до 2030 година.

Покрај тоа, оваа индустриска група сака да годишно да произведува и 200.000 единици за различни превозни средства (беспилотни летала, виљушкари, морски пловила …), кои, исто така, за движење ќе ја користат наведената технологија базирана на водород.

Корејската компанија очекува до 2030 година побарувачката на возила за водородни горивни ќелии да достигне до 2 милиони единици.

Целосниот текст можете да го прочитате на автомобилскиот портал Додај Гас

Текстот Корејците се насочуваат кон возилата на водородот е превземен од USB.mk.