Космонаути на Националната аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА), во моментов извршуваат работни задачи во отворен Космос на Меѓународната вселенска станица.
Кристина Кук и Ендрју Морган изведуваат замена на батериите на соларните антени на станицата. НАСА го најави нивното излегување „во вакуумот на вселената“.
– Дуото ќе работи надвор во вакуумот на вселената околу шест часа и 30 минути, изјавија од агенцијата.
Планот на НАСА предвидува излези во отворен космос на пет дати во октомври и уште пет излеза се планирани за ноември. Тоа се работни задолженија за ремонт и модернизација на алфа-магнетниот спектометар кој се наоѓа на надворешната површина на МВС. Агенцијата на својот веб сајт го емитува во живо настапот на космонаутите надвор од МВС.
Текстот Космонаути на НАСА излегоа во вселената (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.