Огромен железен метеорит удрил во Гренланд пред повеќе од 12.000 години отворајќи кратер поголем од Париз, кој неодамна беше откриен со софистициран радар под мразот.
Кратерот е прв од ваков вид пронајден на Гренланд – или под која било од ледените плочи на Земјата – и е меѓу 25-те најголеми познати на Земјата, се вели во извештајот на „Сајанс адвансес“.
Влијанието на кратерот широк 31 километар под глечерот Хијавата би имал значителни брановидни ефекти во регионот, а можно е дури и на глобално ниво, велат научниците. Но, неговата приказна допрва се раскажува.
„Имало ‘отпад’ распрснат во атмосферата што би влијаел на климата и на потенцијалот за топење многу мраз, па затоа можело да има ненадеен прилив на слатки води во теснината Нарес меѓу Канада и Гренланд што, пак би влијаело на океанот во целиот регион. Доказите покажуваат дека влијанието веројатно се случило по формирањето на ледената прекривка на Гренланд , но истражувачкиот тим сè уште работи на прецизно датирање“, вели коавторот Џон Паден, вонреден професор по електротехника и компјутерски науки на универзитетот во Канзас.
Кратерот првично беше откриен во 2015 година, но меѓународен тим истражувачи оттогаш работеле да ги потврди наодите. Првичниот наод беше направен со податоци од Арктичката програма на НАСА за регионална процена на климата и операцијата „Ајсбриџ“. Оттогаш се собрани повеќе податоци со понапредна радарска технологија.
„Досега не можеше директно да се датира кратерот, но неговата состојба сугерира дека се формирал кога мразот почнал да го покрива Гренланд, значи помлад е од три милиони години, а може да е и од пред 12.000 години – кон крајот од последната ледена доба“, вели коавторот професор Курт Кјер од Центарот за геогенетика при Природонаучниот музеј на Данска.
Истражувачите планираат да се обидат да земат материјал што се стопил од дното на глечерот за да дознаат повеќе за неговиот опстанок и ефектите врз животот на Земјата во тоа време.
Текстот Кратер поголем од Париз откриен под мразот на Гренланд е превземен од USB.mk.