Квака која самата се дезинфицира

Ако сте некој кој претпочита сè да биде совршено чисто, големи се шансите кваките на вратите да ви предизвикуваат кошмари. Не ви останува ништо друго освен да ги чистите редовно или да ги прифатите какви што се. Сепак, студенти од универзитетот во Хонг Конг (Сум Минг Вонг и Кин Понг Ли) измислија нешто што автоматски ќе ги исчисти кваките на вратите, известува Dezeen.

Во прашање не е робот, туку е квака за врата, која самата се чисти. Со други зборови, вратата ќе се исчисти без никаква надворешна помош. Технички, користи светлина за самата да се дезинфицира. Изработена е од стаклена цевка со алуминиумски капачиња на секој крај. Тенкиот слој на стаклената цевка е одговорен за разградување на бактериите. Меѓутоа, УВ зраците почнуваат хемиска реакција со тенкиот слој со које премачкана цевката и така всушност се дезинфицираат овие кваки на вратите.

Кваката има внатрешен генератор кој произведува УВ зраци, претворајќи ја кинетичката енергија (од движењата на отворање и затворање на вратите) во светлосна енергија. Звучи многу едноставно, но е паметно решение за кое никој досега не размислувал. Исто така, ова е едно од победничките решенија за James Dyson Award.

 

 

Текстот Квака која самата се дезинфицира е превземен од USB.mk.