Леден брег тежок 315 милијарди тони се отцепи од Антарктикот

Санта мраз со површина од 1,6 квадратни километри и тежина од 315 милијарди тони се одвои од големата ледена плоча Ејмери на Антарктикот.

Сепак, тоа не е страшна вест, затоа што не е поврзана со глобалното затоплување, велат научниците.

Од раните 60-ти години од Ејмери се нема одвоено поголема санта мраз. Последната плоча која што се одвоила имала површина од 9 илјади квадратни километри. Инаку, Ејмери е третата најголема ледена плоча на Антарктикот и клучен одводен канал за источниот дел на континентот.

Експертите сега движењето на така големата ледена плоча ќе мора внимателно да го следат затоа што би можел да стане опасен за пловидбата. Плочите се всушност пловечки бројни санти на мраз кои од копното се спуштаат во морето.

Одвојувањето на сантите е природен процес во кој ледените плочи одржуваат рамнотежа, затоа што така се балансира наносот на нов снег. Поради тоа, научниците однапред знаеа дека ќе дојде до одвојување, но подрачјето каде што се случи тоа не било во нивен фокус.

 

Текстот Леден брег тежок 315 милијарди тони се отцепи од Антарктикот е превземен од USB.mk.