„Летачкиот Кремљ” на Путин вреден 390 милиони долари (ВИДЕО)

Рускиот претседател, Владимир Путин, лета во луксузен авион чија внатрешност е декорирана во неокласичен стил, со светли бои, со бела кожа и златни детали. Дури и тоалетот е позлатен, а во авионот има и целосно опремена вежбалница.

Службениот авион на рускиот претседател Ил-96-300 вреден 390 милиони долари е наречен „летачки Кремљ”.

Како изгледа луксуз во воздух откри тешко болниот тинејџер Арслан Каипкулов(15), кој е голем љубител на авионите и на кого рускиот претседател одлучи да му ја исполни желбата и да му организира вистинска мала екскурзија во претседателскиот авион.

Тој ја разгледа претседателската сала за состаноци и раскошната соба со бања.

„Овој авион е строго чувана државна тајна. Чест ми е да влезам во него“, рече одушевеното момче кое сонуваше да сними репортажа за претседателскиот авион, поради што Путин му подари видеокамера.

Иако беше одушевен со луксузот, сепак, најголем впечаток му остави пилотската кабина. По екскурзијата, Путин му телефонираше на Арслан.

„Ви благодарам за можноста да го посетам вашиот авион”, рече момчето на кое му се исполни сонот кога Путин ја виде репортажата направена од момчето за хуманитарен настан.

Текстот „Летачкиот Кремљ” на Путин вреден 390 милиони долари (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.