Тим на германски научници креираше систем за самостојно слетување, кој не само што на леталата им овозможува да слетуваат без пилот, туку и без технологија од Земјата, која досега овозможуваше традиционални начини на слетување. Се очекува технологијата да го забрза развојот на автономните летала и да овозможи слетување без учество на човекот.
Многумина мислат дека благодарение на автопилот технологијата, која денес е прилично софистицирана, авионите веќе имаат можност за самостојно слетување, што донекаде е точно, само што не се работи за целосно автономно слетување. Имено, досегашните системи за потпираат на сет на радио сигнали кои ги емитираат станиците од големите аеродроми – – Instrument Landing System или ILS. Овие сигнали го информираат леталото за тоа каде се наоѓа пистата за слетување, дури и во ситуациите кога видливоста е лоша, а пилотите овие автопилот функции ги користат исклучиво како помош, но самостојните слетувања не се случуваат. Авионите имаат можност самостојно да слетуваат со помош на споменатите сигнали, но кога тоа би се случило не би се работело за авономно слетување, бидејќи леталото би било наведувано од станиците на аеродоромот.
Експертите од Универзитетот во Минхен креирале систем кој не се потпира на сигналите од Земјата, и го демонстрираа првото самостојно слетување во присуство на пилот, кој всушност беше патник, бидејќи не учествувал во демонстрацијата. Авионот кој самостојно слетува мора да знае каде точно е пистата, а новиот систем тоа го прави слично како човекот, бидејќи компјутерот кој се наоѓа во леталото слично трага по местото за слетување како човечки пилот, кој нема надворешни помагала – со помош на “очи”. Во овој случај очите се инфрацрвените камери, кои се сместени на предниот дел на авионот.
Текстот Летање без човек: Прво автономно слетување (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.