Откако пред неколку дена успеа да прелета преку Ламанш користејќи ховерборд, пронаоѓачот Френки Запата објави дека следната година ќе претстави и летечки автомобил.
Запата пред три години конструираше ховерборд што може да лета на кратки растојанија. Оттогаш тој само го усовршува својот изум, а исто така од француската војска доби 1,3 милиони евра за развој на технологија за летачки уреди.
Запата изминатиот викенд повторно се најде во фокусот откако се обиде да го прелета англискиот канал. Набргу по слетувањето (кое му успеа од вторпат) на брегот, тој ги најави своите следни чекори. Прво рече дека ќе оди на краток одмор, а потоа ќе започне да го привршува проектот што го развива веќе некое време – а тоа е летечки автомобил.
Текстот Летечкиот човек Френки Запата најави летечки автомобил е превземен од USB.mk.