LG претстави сопствен AI чип за паметен дом

Компанијата LG претстави нов AI чип за виртуелна реалност, наменет за уреди кои можат да се сметаат за дел на паметниот дом и кои со него ќе станат уште попаметни.

Срцето на системот е LG Neural Engine, кој значително ќе ги подобри перформансите при обработка на алгоритмите на длабоко учење. Функцијата на чипот е и обработката на податоци на самиот уред, без потреба од интернет врска, со предност на засебанат хардверска сигурносна зона за складирање на чувствителните лични податоци.

Обработката на податоците која не бара безбеднисни функции ќе се одвива во една зона, додека обработката на податоци кои бараат дополнителна сигурност ќе се одвива во споменатата посебна зона.

Уредите со овој чип ќе можат да ги идентификуваат локациите, предметите и луѓето во видео инсертите и ќе ги разликуваат од вревата и другите видови на звуци. Чипот ќе биде вклучен во идните клима уреди, ладилници, машини за перење и роботски чистачи на домот.

 

Текстот LG претстави сопствен AI чип за паметен дом е превземен од USB.mk.