Полицијата во Лондон тестира нова технологија, препознавање лица на луѓе од улица, пренесува BBC. Луѓето кои овие денови купуваат подароци во центарот на Лондон би можеле да бидат снимени со новата технологија.
Полицијата во Лондон ги повика граѓаните да учествуваат во тестирање на технологија за препознавање лица на луѓе. Снимањето е организирано околу квартот Сохо во Лондон.
Истовремено, во Велика Британија е активна кампањата Big Brother Watch, а нејзините организатори тврдат дека употребата на технологија за препознавање лица е опасна, авторитарна и претставува беззаконие.
„Надгледувањето на невини луѓе во јавност претставува кршење на основните човекови права на приватност и слобода на говорот“, наведуваат од кампањата.
Но, експертите велат дека софтверот може да идентификува бегалци барани од полицијата и судовите.
Извор: B92.net
Текстот Лондон тестира нова технологија: Препознавање лица на луѓе на улица е превземен од USB.mk.