Alphabet е компанија кој го држи Google и некои од бизнис единиците на компанијата. Создавањето на овој бренд беше дел од масовната реорганизација, која ќе доведе до реализација на поуспешни проекти. Alphabet е предводеа од Лари Пејџ и Сергеј Брин и има една од најголемите пазарни капитализации во светот. Loon и Wing се два тајни проекти, кои се развиени од специјалната лабораторија „X“ и ќе започнат да работат како самостојни компании.
Податоците беа потврдени официјално од Alphabet кои додаваат дека финансиските резултати на Loon и Wing ќе се објавуваат во категоријата „Other Bets“ во нивната сложена структура. Основната идеја на „X“ лабораторијата не е да се бараат брзи приходи, туку да се претворат во реалност идеите, кои допрва би можеле да го променат светот на еден или друг начин. Меѓу некои од нивните иновативни проекти, кои веќе функционираат како независни компании, се Waymo, Chronicle и Verily.
Loon е компанија која ќе се занимава со овозможување на интернет на места каде моментално го нема, користејќи балони во атмосферата на Земјата. Ова не би била единствената компанија која развива ваква технологија, но изгледа ќе биде првата која комерцијално ќе почне да го прави тоа.
Wing од друга страна е компанија која работи на развој на дронови, односно беспилотни летала за достава, како и дронови кои би се користеле во сообраќајот, односно за креирање на платформа за регулирање на истиот.
Овие две компании стануваат рамноправни со Google, Waymo, Verily и други.
Текстот Loon и Wing се две нови компании кои ќе функционираат под Alphabet е превземен од USB.mk.