Како што пренесуваат странските медиуми, на ваков чекор Владата на Луксембург се одлучила поради намалување на емисиите на штетни гасови. Имено, секој ден околу 400.000 луѓе од околните држави патуваат до своите работни места во оваа земја, а повеќето од нив користат автомобили. Затоа и загадувањето на воздухот во самиот Луксембург е високо. Покрај тоа, за загаденоста придонесуваат и домашните жители кои, поради нивниот висок стандард, најчесто патуваат со автомобил насекаде.
Според податоците на Европската комисија, Луксембург е земја на ЕУ со најголем број на автомобили по глава на жител. Токму затоа, Владата на оваа земја најавува дека целосно бесплатен превоз ќе ја намали емисијата на штетни гасови, а како поттик за граѓаните да користат јавен превоз, владата планира на оваа земја планира уште неколку мерки.
Луксембург веќе овозможува бесплатен превоз за сите лица на возраст под 20 години. Како што известува Guardian, владата во Луксембург сé уште не одлучила што со возовите кои имаат специјални вагони наречени „Прва класа“, и не е јасно дали таквите вагони ќе останат во употреба или ќе заминат во историјата.
Текстот Луксембург се подготвува за воведување на целосно бесплатен јавен превоз е превземен од USB.mk.