Експерти по роботика на Универзитетот во Цирих, во соработка со колегите од Политехничкиот факултет во Лозана, конструирале беспилотни летала со различни форми и големини, со што овие мали летечки роботи би биле идеални за учество во спасувачки мисии и операции за пребарување во разни опасни ситуации.
Уникатната карактеристика којашто во текот на летот му овозможува на роботот да ги менува својот облик и големина, го прави Morphing Quadrotor идеален уред што може да се провлече низ разни пукнатини, пришто тоа може да биде доста корисно во спасувачките акции кои се случуваат по големите катастрофи, како што се на пример деструктивните земјотреси.
Ни тесните пукнатини во урнатите згради не би требало да претставуваат проблем, бидејќи, во зависност од средината во која што се движат, овие беспилотни летала се способни да ја “прилагодат својата морфологија“.
Morphing Quadrotor е способен да носи и мали предмети, благодарение на неговата конструкција која се состои од главна рамка и четири роботски раце, кои на краевите имаат ротори.
Сите контроли се управувани од страна на мал компјутер кој е вграден во дронот. Беспилотно летало е опремено со две камери, од кои едната служи за ориентација во простор, додека другата ги пренесува сликите од областите низ кои се движи леталото.
Текстот Мал летечки робот кој може да учествува во спасувачки операции е превземен од USB.mk.